МЗШВ: Повлекувањето на хрватскиот правилник за инспекциски контроли е резултат на брзата реакција
Одлуката на Хрватска за враќање на старите цени за инспекциски контроли за увоз на зеленчук и овошје од трети земји е позитивна за македонските компании кои извезуваат во Хрватска, оцени денеска Министерството за замјоделство, шумарство и водостопанство.
- Повлекувањето на Правилникот е резултат на брзата реакција на Министерството за земјоделство, шумарство и водостопанство на Република Македонија, со цел што поскоро да се најде решение за проблемот со кој се соочија македонските извозници во Хрватска, по најавите за зголемување на трошоците за контроли при извоз во оваа земја. Ова е заднички успех на Република Македонија, Србија, Босна и Херцеговина и Црна Гора и доказ за посветеноста на регионот на Берлинскиот процес и градењето заедничка економска област, што е во насока на европските перспективи на регионот, соопшти МЗШВ.
Оттаму порачуваат дека Владата на Република Македонија континуирано ќе работи во насока на заштита на македонското земјоделско производство и непречен извоз на македонските земјоделско-прехранбени производи.
Одлуката на Хрватска доаѓа по само три дена од заедничкиот состанок на надлежните министри од Република Македонија, Србија, Босна и Херцеговина и од Црна Гора, што се одржа во понеделникот во Сараево. На состанокот беа донесени заеднички заклучоци и беа пратени до Европската комисија и до Хрватска.
Следниот месец е договорен состанок на надлежните министри од регионот во Скопје, на кој ќе се разговара како да се отстранат бариерите кои ја загрозуваат слободната трговија на добра.
Веста за повлекување на новиот и враќање на стариот Правилник е објавена на официјалната веб страница на Министерството за земјоделство на Хрватска. Со враќањето на стариот Правилник, трошоците за контрола на квалитет на овошјето и зеленчукот од трети земји остануваат 90 куни (12 €) по производ.
Ново на Сител
-
Fast Food 7 - принцип за постојан квалитет | Билјана З. Попова | Бизнис приказни | Sitel Podcast 030
-
Пронајдена неексплодирана експлозивна направа во Битола
-
Разбојникот кој ограби казино со автоматско пушка е полицаец
-
Демири: Ако Клиниката за токсикологија не била осигурена, менаџментот треба да преземе одговорност
-
До 30 април на полноќ пријавување на болните и изнемоштените за гласање на изборите на 8 мај
-
Гевгеличанка лажела дека е царински застапник и измамила Грк за 2.000 евра
-
Тошковски: Поддршка до специјалните единици бидејќи тие се првиот столб на заштитата на безбедноста и суверенитетот на државата
-
Пет клучни донатори вложија повеќе од 50 милиони долари во претседателската кампања на Трамп