-->
-->
МЗТ Скопје продолжува без Кларк
-->
Британскиот кошаркарски интернационалец Даниел Кларк повеќе не е дел од екипата на МЗТ Скопје Аеродром, откако денеска беше официјализиран спогодбениот раскин на договорот помеѓу играчот и клубот од Јане Сандански.
Репрезентативецот на Велика Британија во МЗТ дојде кон крајот на октомври минатата година како замена за Џеремаја Мејси и во „сино-белиот“ дрес одигра 15 средби во АБА-лигата со просек 8,5 поени и 4,2 скока како и еден меч во Купот на Македонија, во полуфиналната елиминација од Фени Индустри.
- Кларк веќе се поздрави со досегашните клупски колеги и во текот на денешниот ден ќе замине во родниот Лондон. Управата на МЗТ Скопје Аеродром му се заблагодарува на Британецот за прикажаното и му посакува се најдобро во понатамошната кариера, информираат од таборот на македонскиот шампион.
МЗТ Скопје Аеродром на две кола пред крајот на АБА лигата се уште е под закана за испаѓање, не успеа да го одбрани трофејот во националниот куп и сега му останува да ја брани шампионската титула која ја освојува последните пет сезони.
-->
-->
-->
Ново на Сител
-
Тема на денот со Александар Даштевски, претседател на ДИК
-
Мостот „Беласица“ целосно функционален
-
Зошто Токсикологија не почитува мерки на надлежни институции
-
Ќе се врати ли старата цена на осигурување за регистрација на возилата?
-
Обвинителството со огромен број докази за распределбата на спортски ваучери
-
ДУИ притиска: Без нас нема Влада - Од ВМРО-ДПМНЕ децидни Ахмети останува во опозиција
-
Парламентарни избори 2024
-
Вапцање велигденски јајца в зори на Велики Четврток