На 15 мај завршува рокот за барање субвенции за млеко и несилки
На 15 мај 2016 година завршува рокот за поднесување барања за директни плаќања за произведено и предадено овчо, козјо и кравјо млеко од октомври до декември 2015 година, соопшти денеска Агенцијата за финансиска поддршка во земјоделството и руралниот развој.
Висината на поддршката е 3,5 денари за литар, а барањата се поднесуваат електронски, во подрачните единици на Министерството за земјоделство, шумарство и водостопанство каде што е регистрирано земјоделското стопанство.
На 15 мај завршува и рокот за поднесување барања за директни плаќања за несилки внесени во капацитет за производство на јајца во период од октомври до декември 2015 година. Висината на поддршката изнесува 100 денари за купена и внесена несилка во одгледувалиште на кокошки несилки за производство на јајца. Барањата се поднесуваат во писарницата на Агенцијата за финансиска поддршка во земјоделството и руралниот развој, лично или пошта. Образецот за поднесување на барањата како и потребната документација може да се подигне во Агенцијата или да се преземе од www.ipardpa.gov.mk, во полето „Директни плаќања 2016“, „Обрасци“.
Ново на Сител
-
Националното биро за осигурување: Цената на авто осигурувањето е непроменета од 2008 година, реално е покачувањето
-
Се одржа Меѓународниот натпревар за сирени во Шангај | ВИДЕО
-
ВИ: „Мона Лиза“ рапува
-
УКИМ донесе Одлука за основање Фондација „Горан Стефановски“
-
Кари ја освои наградата „Џери Вест“
-
Денвер трет пат го совлада ЛА Лејкерс
-
Први мај и вторитот ден на Велигден неработни за сите граѓани, а Велики петок за граѓаните од православна вероисповест
-
На западот на Австралија 160 насукани, а 26 угинати китови