Живот
12. April 2024 - 21:12

На 83 години почина легендарниот моден дизајнер Роберто Кавали

На 83-годишна возраст денеска почина познатиот италијански моден дизајнер Роберто Кавали.

Весникот „Кориере дела сера“ објави дека Кавали долго време бил болен.

Роберто е роден во 1940 година во Фиренца. Неговиот татко бил надзорник во рудник и го изгубил многу рано бидејќи бил убиен од Германците за време на Втората светска војна.

Неговата мајка Марсела била шивачка, а нејзиниот татко бил познатиот импресионистички сликар Џузепе Роси, чии дела сè уште се изложени во музејот во Фиренца. Неговиот живот и животот на неговата сестра имале големо влијание од нивната мајка, бидејќи таа, така да се каже, сама ги воспитувала, а тоа оставило длабока трага на нивниот карактер.

Во 1957 година влегол на Академијата за уметности, двоумејќи се дали да ги следи стапките на својот дедо и да стане сликар или да стане архитект, што го привлекувало.