На академик Старова ќе му биде врачен Орденот на Легијата на честа
Академик Луан Старова денеска и официјално ќе го добие Орденот на Легијата на честа. На свечена церемонија во Резиденцијата на француската амбасада во Скопје, Орденот ќе му го врачи амбасадорот Кристијан Тимоние.

Претседателот на Француската република го одликува академикот и писател Луан Старова со високото одликување од редот на Офицер на Легијата на честа. Тој е носител и на високото француското одликување Командант на уметностите и книжевностите oд 2000 година.
Овие одликувања на Старова му се доделуваат за неговиот голем придонес во развојот на француско-македонските односи во периодот кога беше прв амбасадор на Република Македонија во Франција, за подоброто разбирање на регионот во критичниите години на последната декада на минатиот век.
Старова предизвика посебно внимание во француската култура и книжевна јавност со почнување на објавување на неговата „балканска книжевна сага“ кај престижниот издавач „Фајар“ и која француската книжевна критика ја вброи во редот на големите европски романи, денес објавувана на дваесетина јазици во светот.
Академик Старова има посебни заслуги во својата долгогодишна универзитетска кариера како професор по француска и компаративна книжевност, а има посбно значење и во откривањето нови аспекти во односите меѓу големиот француски писател Гијом Аполинер и албанскиот полиграф Фаик Коница. За одбележување се и неговите повеќегодишни односи со големите писатели и мислители на нашето време како Едгар Морен, Морис Друон, Робер Мале, Анри Мешоник, Андре Френо и други.
Старова е член на Европската академија, редовен член на Македонската академија на науките и уметностите, член на Медитеранската академија од Неапол, почесен член на Албанската академија на науките, како и член на научното друштво „Лајбниц“ од Берлин.
Ново на Сител
-

13-годишно дете пренесено во болница со полесни изгореници откако избувнал пожар во стан во Центар
-

Со Мултипла Склероза во Македонија живеат околу 2500 дијагностицирани пациенти
-

Муслиманите во Прилеп го одбележуваат Курбан Бајрам – за овој ден се разделува месо на социјално загрозените граѓани
-

Светски познатиот Хозе Карерас на плоштад Македонија на 1. Септември заедно со македонските ѕвезди
-

Преглед на вестите од светот
-

Отворени врати за идните средношколци
-

Обуки и развојни решенија вработените во јавниот сектор и малите и средни бизниси можат да добијат на ФЕИТ
-

Преглед на вестите од светот
