Македонија
21. September 2015 - 10:49

На „Ало докторе“ 1.409 повици за една недела

На телефонската линија за медицински совет „Ало докторе“ 02/15 123 изминатата недела се регистрирани 1.409 повици. Од воведувањето на линијата во септември лани досега  имало  53.109 лица, соопшти Здравствен дом Скопје.

Линијата е достапна секој ден  24 часа со цел да се овозможи непосредна медицинска консултација во моментот на појава на какви било симптоми на нарушување на здравјето.

Од први септември линијата e засилена со тројца нови специјалистиДваесет и пет доктори се достапни за медицински совет за  јавувањата кои се од граѓани од сите градови на Македонија.

Повиците се со широк спектар на најразлична симптоматологија, најчесто   за  кардиоваскуларни и респираторни симптоми, главоболки, покачена телесна температура, стомачен вирус  и симптомна болка.

На сите лица кои  побараа  медицински совет  на телефонската линија  „Ало докторе“ им е дадена  здравствена  помош  со  совет и соодветна симптоматска  терапија, се вели во соопштението.