На Ало докторе! изминатата недела 1.336 повици
На телефонската линија за медицински совет 02/15123 - Ало докторе!, изминатата недела се регистрирани 1.336 повици.
Јавувањата, како што информираат од ЈЗУ Здравствен дом Скопје, најчесто се за респираторни симптоми, покачен крвен притисок, покачена телесна температура, вирози и кашлици од ниските температури. Повиците се од граѓани од сите градови на Македонија.
На сите лица кои побарале медицински совет на телефонската линија Ало докторе!, им е дадена здравствена помош со совет и соодветна симптоматска терапија. За медицински совети се достапни вкупно 25 доктори.
Од 15 септември 2014 година од кога започна да работи телефонската линија за медицински совет Ало докторе!, регистрирани се вкупно 73.164 повици.
Линијата е достапна секој ден 24 часа со цел да се овозможи непосредна медицинска консултација во моментот на појава на различни симптоми на нарушување на здравјето.
Ново на Сител
-
Украинската армија вели дека нападот во текот на ноќта врз Русија бил „најмасовниот“ од војната
-
Началникот на Генералштабот на Армијата на конференција на Воениот комитет на НАТО
-
Децата ја наследуваат интелигенцијата од мајката, според новите истражувања
-
Ла Лига ја одби жалбата за суспензијата на Винисиус
-
Гвардиола: Ни требаат нови луѓе
-
Приведени скопјани барани со потерници
-
Пронајдена дрога кај осуденик во битолскиот затвор
-
Германија: „Дубаи чоколадо“ е само она што се произведува во ОАЕ