На атинското пристаниште откриени 39 килограми кокаин во вредност од над еден милион евра

Во контејнер со банани што на атинското пристаниште Пиреас пристигнал од Еквадор биле откриени 39 килограми кокаин, чија вредност се проценува на над еден милион евра, соопштија од Независната управа за јавни приходи, јави дописничката на МИА од Атина.
Контејнерот од Еквадор содржел 1.080 кутии банани, а во надворешниот механизам за ладење биле скриени 34 импровизирани пакувања со запленетиот кокаин.
Случајот бил откриен по соодветни акции и искористување на информациите од анализите на ризик и процена од страна на службеници на Одделот за наркотици при генералниот директорат на Службата за гонење на економски криминал, која од неодамна е дел од Независната управа за јавни приходи, во соработка со службеници на Одделот за борба со нелегална трговија при царината во Пиреас и полициски службеници од Поддирекцијата за наркотици при Дирекцијата за борба против организиран криминал (DAOE).
МИА
Ново на Сител
-

Што значи стратешкиот договор меѓу Македонија и Хрватска
-

Тема на денот со Васко Наумовски, амбасадор и екс вицепремиер
-

Преглед на вестите од светот
-

Македонија и Хрватска станаа стратешки партнери
-

Пленковиќ и Мицкоски за евроинтеграциите
-

Собранието даде зелено светло за новиот заем од 260 милиони евра
-

Бензините од полноќ поскапуваат за половина денар, дизелот по иста цена
-

Нови напади САД - Иран среде преговори
