На атинското пристаниште Пиреас запленети 54 килограми кокаин во вредност од 2,35 милиони евра
Во контејнер со банани, со потекло од Еквадор и крајна дестинација атинското пристаниште Пиреас, со помош на куче душкач, биле откриени и запленети 54 килограми кокаин во рамки на заедничката акција на инспекторите од Независната управа за јавни приходи на Грција и од Секторот за борба против финансиски криминал, јави дописничката на МИА од Атина.
Поконкретно, како што соопштија од Независната управа за јавни приходи, при рендгенски преглед на надворешниот механизам за ладење на контејнерот била откриена сомнителна органска материја и по позитивна индикација од кучето душкач за откривање дрога следела физичка проверка при што биле пронајдени и запленети 45 пакувања кокаин со вкупна бруто-тежина од 54 килограми.
Вредноста на запленетиот кокаин се проценува на околу 2,35 милиони евра, а според грчката надлежна управа, истрагата продолжува и се испитува можна поврзаност на конкретниот случај со други слични случаи во рамките на напорите за разбивање на меѓународна мрежа за увоз и трговија на дрога
Ново на Сител
-
Вежба против несоница
-
Русин осуден на 14 години затвор за предавство во корист на Украина
-
Уапсена 36 годишна прилепчанка затекната при кражба во куќа во Прилеп
-
Некои од најлесните раси кучиња за тренирање
-
Кремљ: Путин ќе разговара со Трамп откако Виткоф ќе му ги пренесе информациите што ги доби од Москва
-
Донатела Версаче замина во пензија
-
Украинските сили ноќеска собориле 16 од 27 руски дрона
-
Зеленски во Турција гледа партнер во безбедносните гаранции за Украина