На Богородица запленети над 300 килограми марихуана

На граничниот премин Богородица притворен е грчки државјанин, кој на 28 јануари пренесувал марихуана во количина од 309,6 килограми, наменета за продажба.
Осомничениот дрогата ја пренесувал во товарно возило „сканиа“ со грчка регистарска ознака од Атина, Грција, до Вупертал, Германија. Во возилото меѓу разновидната стока осомничениот пренесувал и 95 вреќи ориз со крајна дестинација Керкаде, Холандија. Марихуаната била најдена обвиткана со стреч фолија во 75 вреќи, покрај оризот, информираат од Јавното обвинителство.
Основното јавно обвинителство Велес издало наредба за спроведување истражна постапка против осомничениот за кривично дело неовластено производство и пуштање во промет наркотични дроги, психотопни супстанции и прекурсори од чл. 215 ст.1 од Кривичниот законик.
Основниот суд Велес на осомничениот му определи притвор од триесет дена.
Ново на Сител
-

Педесетница (Духовден) – Слегување на Светиот Дух и роденден на Црквата
-

Претпладне сончево, попладне дожд, грмежи и ветер
-

ПСЖ по пенали го совлада Арсенал и ја освои Лигата на шампионите.
-

ЛШ финале: ПСЖ и Арсенал играат продолженија
-

Мицкоски - Мацут: Јакнење на регионалната поврзаност, инвестициите и соработката
-

Туск по заканата на Медведев: Земјите од НАТО треба сериозно да ги сфатат руските провокации
-

Мицкоски од Нови Сад: Народот кој го чува својот јазик никогаш не останува без дом
-

19-годишен мотоциклист загина во сообраќајка во Скопје
