На Дрина се преврте чамец полн со мигранти, се трага по седум лица
Во текот на ноќта на Дрина се превртел чамец со мигранти, кои се обиделе да ја преминат реката од Србија меѓу местото Дрлача во општина Љубовија и Орлица во општина Зворник.
„Утринава, околу 5 часот, Граничната полиција на Љубовија била известена од Граничните власти на Босна и Херцеговина, како и од локален жител, дека чамец на Дрина во текот на ноќта се превртел со нерегуларни мигранти кои се обиделе да ја преминат реката од Србија меѓу местото Дрлача во општина Љубовија и Орлице во општина Зворник“, изјави српскиот министер за внатрешни работи Ивица Дачиќ.
Според мигрантите кои стигнале до брегот, во чамецот имало околу 25 лица, а полицијата и пожарникарите-спасувачи на брегот пронашле 18 лица, од кои три деца, додаде министерот.
Веднаш по пријавата на лице место се испратени припадници на полицијата и на Одделението за вонредни состојби, а во моментов интензивно се пребаруваат реката и крајбрежјето, соопшти МВР на Србија.
Ново на Сител
-
Собранието ќе ја започне 19. седница, ќе се гласа за доекипирање на ДИК
-
Суд во Рим повторно нареди враќање на мигранти од Албанија во Италија
-
Северна Кореја го ратификуваше одбранбениот договор со Русија
-
Во Германија уапсен тинејџер под сомнение дека планирал терористички напад
-
Состојба на патиштата
-
Облачно со магла по котлините
-
Трамп го назначи Стивен Милер за заменик-шеф за политика во новата администрација
-
СДСМ: Mицкоски сака да го партизира судството