-->
-->
На Евозни за влез во Македонија се чека најмалку половина час
-->
Најмалку 30 минути се чека на граничниот премин Евзони - Богородица, на грчка страна, за влез во Македонија. На преминот има километарска колона возила кои чекаат да влезат во земјава и да го продолжат патувањето, информираат за МИА македонски граѓани.
Од македонска страна, пак, на ГП Богородица, за влез и за излез од земјата се чека до 20 минути, информираат надлежните од граничниот премин.
На преминот од македонска страна во функција се ставени сите ленти, а граничните служби се потполно екипирани. Преминувањето на границата се одвива нормално, велат од ГП Богородица.
АМСМ информира дека интензитетот на сообраќај на патните правци надвор од градските средини е зголемен, а сообраќајот се одвива по суви коловози
-->
-->
-->
Ново на Сител
-
Во Битола контроли во угостителски локали и кафе барови
-
Активен пожар во Дрисла, вчера вкупно 28, а месецов 484
-
Собрани 51.822.579 денари за поддршка на настраданите во пожарот во Кочани
-
Герасимовски: Испекциски контроли за безбедност во објектите во Центар
-
Општина Аеродром изврши контроли на над сто угостителски објекти, ќе се проверуваат и станбените згради
-
Митрополит г. Петар: Господ да стави рака и да прекрати секаква рана, секаква болка и тага
-
Стабилна е состојбата на повредените во пожарот во Кочани
-
Во Берово утрово - 4 степени, дневната температура од 14 до 20 степени