Македонија
12. August 2023 - 8:57

На ГП Табановце и ГП Богородица за излез се чека околу 40 минути

Сообраќајот на државните патишта се одвива непречено по суви коловози.

Интензитетот на сообраќај на патните правци надвор од градските средини е умерен. На ГП Табановце и ГП Богородица поради зголемена фреквенција на возила, за излез од државата времето на чекање е околу 30-40 минути. На останатите гранични премини од македонска страна, нема поголеми задржувања за влез и излез од државата.

АМСМ препорачува прилагодена брзина на движење, почитување на поставената сообраќајна сигнализација и внимателно управување со возилата, особено на патиштата низ котлините, речните долини и клисурите, каде има можност од појава на одрони. Ова посебно се однесува за делниците Катланово – Велес, Маврово – Дебар – Струга, Виница – Берово и Кочани – Делчево.