Македонија
26. August 2023 - 20:17

На ГП Табановце се чека 40 минути за влез и излез од државата

Поради зголемена фреквенција на возила на Граничниот премин Табановце се чека околу 40 минути за влез и за излез од државата. На останатите гранични премини од македонска страна нема подолги задржувања, информира АМСМ. 

Сообраќајот на државните патишта се одвива непречено по суви коловози, а интензитетот на сообраќај на патните правци надвор од градските средини е зголемен.

АМСМ препорачува прилагодена брзина на движење, почитување на поставената сообраќајна сигнализација и внимателно управување со возилата, особено на патиштата низ котлините, речните долини и клисурите, каде има можност од појава на одрони. Ова посебно се однесува за делниците Катланово – Велес, Маврово – Дебар – Струга, Виница – Берово и Кочани – Делчево.