На границата меѓу Литванија и Белорусија уапсени 171 ирачки мигрант
Литванската гранична служба соопшти дека вчеравечер на илегален премин со Белорусија уапсила 171 лице. Со овие приведени лица вкупниот број на притворени мигранти во оваа земја во текот на 2021 година се зголеми на 3.027, пишуваат американските медиуми.
Литванската гранична служба соопшти дека групата приведени мигранти, наводно од Ирак, ќе бидат сместени во веќе и онака преполнетиот притворски центар за имиграција.
Откако Европската унија воведе нови санкции кон белоруските власти Литванија почна драматично и забрзано да се полни со илегални имигранти.
Во јули се приведени околу 2.366 мигранти, во споредба со 473 во јуни, или наспроти вкупно 81 во текот на целата 2020 година.
Литванија ги обвини белоруските власти за организирање на илегалните преминувања преку границата со луѓе од Блискиот Исток и Африка.
Агенцијата за гранична контрола на Европската унија (Фронтекс) вети дека ќе ја засили поддршката за Литванија за да помогне во запирање на пристигнувањето на мигрантите.
Литванските власти веруваат дека повеќето луѓе кои се обидуваат да влезат во земјата патувале во Минск со еден од четирите неделни летови од Ирак, носејќи до 500 патници.
Ново на Сител
-
Русија утринава почнала масовен ракетен и напад со дронови врз Украина
-
ЛШ: ПСЖ ја пречекува Борусија и се надева на второ финале
-
„АстраЗенека“ ја повлекува од пазарот во ЕУ својата вакцина против Ковид-19, неколку месеци по признавањето за нуспојави
-
Одложено судењето на Трамп за тајните документи, датум за продолжување на процесот не е утврден
-
Двојните избори ги следат 1303 домашни и 860 странски набљудувачи, акредитирани за известување се и 83 странски новинари
-
Упатство за гласање
-
Отворени избирачките места
-
Право на глас на претседателските избори имаат 1.814.317, а на парламентарните 1.815.350 гласачи