Македонија
12. April 2021 - 11:52

На граничниот премин Блаце уапсено лице кај кое било пронајдено марихуана и амфетамин

На 11.04.2021 во 17.30 часот на Граничен премин Блаце, при влез во Република Северна Македонија, од слобода е лишен Ф.Р.(38) од Скопје, бидејќи при извршена проверка кај него се пронајдени марихуана, амфетамин, како и шприц со масло од канабис. Лицето е предадено во Полициска станица Гази Баба за понатамошна постапка. По целосно документирање на случајот, против Ф.Р. ќе биде поднесена соодветна пријава.