На граничните премини задржувања до 20 минути

Сообраќајот на сите државни патишта се одвива без забрани, по наместа влажни коловози. Интензитетот на сообраќај на патните правци надвор од градските средини е зголемен. На граничните премини можни се задржувања од 20-тина минути за влез и за излез од државата, информира Автомото сојузот на Македонија (АМСМ) во утринскиот извештај за состојбата на патиштата.
Обиколницата Скопје е пуштена за сообраќај во двата правци, но има делови од коловозот кои се оштетени, каде се поставени сообраќајни знаци за регулирање на брзината на движење на возилата. Патниот правец Скопје - Македонски Брод преку националниот парк „Јасен“ е пуштен за сообраќај за лесни возила / автомобили.
Јавното претпријатие „Македонија пат“ на учесниците во сообраќајот им препорачува крајно внимателно управување со возилата на делот од патот кај село Близанско 500 метри после мостот на река Треска во должина од 50 метри. Екипите на „Македонија пат“ продолжуваат да работат на оспособување на патниот правец за нормално одвивање на сообраќајот.
АМСМ препорачува внимателно возење, прилагодена брзина на движење и почитување на поставената сообраќајна сигнализација. Посебно да се внимава низ клисурите, каде постои можност за појава на одрони кои наместа може да го попречат движењето на возачите.
На регионалниот пат Р-2137 пред населено место Војшанци, поради деформации на мостот (за возила со вкупна маса над 5 тона) продлжува пренасочувањето на сообраќајот преку мост на река Вардар, врска А1 со Р-2137 (Демир Капија – Корешница – Војшанци).
Ново на Сител
-

Во февруари најмногу странски туристи од Турција, Грција, Србија и Германија
-

Собранието до 20 јули ја продолжи кризната состојба поради ризици во снабдувањето со нафта и нафтени деривати
-

21-годишник објавил слики и видеа од возилата АРМ, кривична за нарушување воена безбедност и тајност
-

Напаѓачот што уби девет луѓе во југоисточна Турција дејствувал сам
-

Во Сараево евакуирани два трговски центра поради дојава за поставени бомби
-

МВР демантира: Има доволно обрасци за возачки дозволи за наредните три години
-

Чеферин во Скопје: УЕФА со силна поддршка за македонскиот фудбал
-

Лековите за Алцхајмерова болест „не прават никаква значајна разлика за пациентите“, според научници
