Балкан
4. November 2016 - 12:07

На грчките острови има околу 12.000 бегалци и мигранти

Бројот на бегалци и мигранти кои се заглавени на грчките острови денеска достигна 11.920 лица.

Како што јави дописникот на МИА од Атина, бо последните 24 часа на Лезбос пристигнале 61 лице, на Хиос 16 на Самос 79 мигранти и бегалци.

Според последните полициски податоци, на Лезбос има 5.441, на Хиос 4.145 и на Самос 2.314.бројот мигранти и бегалци кои бараат азил.