Македонија
22. November 2018 - 16:20

На Груевски ќе му се суди во отсуство и за случајот ,,Траекторија‘‘

И во предметот „Траекторија“, на Никола Груевски ќе му се суди во отсуство.. Судот го прифати барањето на специјалното јавно обвинителство судењето да продолжи без присуство на поранешниот премиер..

„Постапката треба да се води единствено оти Никола Груевски е врзан со сите дејства кои ги презеле другите обвинети и треба да се утврди единствената фактичка состојба“, наведе обвинителката Лиле Стефанова.

Адвокатите на Груевски побараа раздвојување на постапката бидејќи по неговото враќање, предметот  ќе требало повторно да го разгледува судот.. Според обвинителството, со раздвојување на постапката ќе застари кривичното дело, и тоа судот не смее да го дозволи..

Специјалното јавно обвинителство побара и притвор за Никола Груевски.. Обвинителката Лиле Стефанова бара и распишување потерница за да се обезбеди неговото присуство на рочиштата..

Во предметот „Траекторија“, освен екс премиерот, обвинети се поранешниот вицепремиер Пешевски и министерот за транспорт Јанкиевски.. Заедно со тогашниот директор на Јавното претпријатие за државни патишта, се осомничени за злоупотреба на службената должност при изборот на кинеската компанија за изградба на две автопатски делници..

„Траекторија“ е втор предмет на СЈО во кој на Груевски ќе му се суди во отсуство.. Претходно судот прифати да продолжи судењето без екс премиерот за случајот „Насилство во Центар“.. Утре пак се очекува одлуката и за предметот „Титаник“..