Балкан
22. December 2016 - 14:34

На Хиос пристигнаа нови 41 мигрант

И покрај лошите временски услови, со северни ветрови кои дуваат во областа, на Хиос денеска пристигна брод со 41 мигранти и бегалци од Алжир, Сирија, Мароко, Либан, Ирак и Палестина.

На Лезбос е регистриран еден нов бегалец, додека на Самос нема нови пристигнувања.

Според грчката полиција, на северните грчки острови денеска има 11.158 лица кои аплицирале за азил и нивните барања се уште не се разгледани.