На истокот на Сирија убиени најмалку 26 војници, Исламска држава ја презеде одговорноста за нападот
Џихадистичката група Исламска држава (ИД) ја презеде одговорноста за нападот врз сириските војници во кој загинаа најмалку 26 лица, што е третиот и најкрвав напад од почетокот на август во пустинскиот регион во источна Сирија.
ИД неодамна ги засили нападите во Сирија, особено од пустинските области, каде што нејзините борци се повлекоа откако изгубија голем дел од територијата што ја контролираа во таа земја во 2019 година. Оттогаш, четворица нејзини водачи се убиени.
„Борците на ИД во четвртокот нападнаа автобус на сириската армија со војници во источниот дел на провинцијата Деир Езор, пукајќи во нив со лесно и средно оружје“, соопшти сириската невладина организација Центар за мониторинг на човековите права (SOHR).
Според организацијата, со седиште во Велика Британија и со широка мрежа на извори во Сирија, „најмалку 26 војници загинале, а единаесет се ранети“. Претходниот извештај споменуваше најмалку 23 загинати.
ИД ја презеде одговорноста за нападот, соопштувајќи дека поставила заседа на „два воени автобуси“ што ги нападнала со „тешко оружје и ракети“, се наведува во соопштението на Амак, органот за јавна комуникација на џихадистичката група.
Ова е трет голем напад на ИД врз сириската армија од почетокот на август и најкрвав, изјави директорот на Центарот, Рами Абдел Рахман.
-ИД неодамна ги засили своите напади (…) во порака со цел да објави дека групата е сè уште присутна и активна и покрај смртта на нејзините лидери, изјави Абдел Рахман, пренесоа француските медуми.сд/
Поразот на ИД во Сирија беше прогласен во 2019 година – и во Ирак во 2017 година – но коалицијата остана во земјата за да се бори против џихадистичките ќелии кои сè уште работат таму. Од 2022 година, половина милион луѓе загинаа во конфликтот во Сирија, инфраструктурата е уништена, а милион луѓе се раселени.
Ново на Сител
-

МОМ предупредува: Превозот на тела на жртви од ебола го зголемува ризикот од ширење на заразата во ДР Конго
-

Иран: Нападите ќе продолжат додека САД не ги запрат ударите врз југот на земјата
-

СП 2026: Нов проблем за ФИФА и одигрувањето на финалниот натпревар
-

Аларм за воздухот во САД пред финалето на Мундијалот: Чадот од канадските пожари стигна до Њу Џерси и Њујорк
-

Ѓорѓиевски: Децении лажни ветувања завршуваат денес, Горно Оризари конечно добива достојни услови за живот
-

Лишен од слобода скопјанец, одземени две товарни возила со криумчарена стока на македонско-косовската граница
-

41-годишник со камења ги мавал даночните контролори на локалитетот “Куклица”
-

Успешно заокружен првиот циклус од Лидерската академија на Flex Group: Стратешка инвестиција во развој на менаџерскиот кадар
