На изборите во Романија, излезноста до 14 часот - 20,23 отсто
Одѕивот на граѓаните на Романија на парламентарните избори до 14 часот беше 20,23 отсто, соопшти Централната избирачка комисија.
Над 18 милиони избирачи денеска се повикаат да се појават пред гласачките кутии за да се избере составот на следниот романски Парламент.
За првпат Романците кои живеат во странство имаат можност да гласаат по пошта, а над 4.500 Романци од дијаспората веќе го искористиле ваквото свое право до крајниот рок, 8 декември.
Последните социолошки истражувања покажуваат убедлива предност за Социјалдемократската партија (СДП), а институтите ИРЕС и СОЧИОПОЛ прогнозираат меѓу 42 и 44 проценти поддршка за социјалдемократите.
Двете истражувања и даваат меѓу 23 и 28 проценти поддршка на Национално-либералната партија (НЛП). Во дводомниот романски Парламент се очекува да влезат уште и Сојузот за спас на Романија (ССР) и Алијансата на либералите и демократите (АЛДЕ).
На работ на изборниот праг се наоѓаат Демократскиот сојуз на Унгарците во Романија (ДСУР), Партијата Народно движење (ПНД) и Партијата Обединета Романија (/ПОД).
Ново на Сител
-
Почна со работа Комисијата за правична застапеност во Собранието
-
Владата и банките во недела на преговори
-
Имотен лист на вашиот е-мејл за 10 секунди?
-
Тутунарите со свои очекувања
-
Борисов предложи коалиција за Влада - Парламентот не успеа да избере претседател
-
Загадениот воздух - Хроничен зимски проблем
-
Владата е свесна за проблемите со загадениот воздух
-
ВМРО-ДПМНЕ: Фалат 200,000 евра на Детска клиника