Македонија
15. February 2017 - 8:35

На јавна расправа Кавадарци ќе бара решенија против загадувањето

На јавна расправа Кавадарци ќе бара решенија против загадувањето. На предлог на кавадаречкиот градоначалник и општина Кавадарци, денеска се организира јавна расправа на која ќе се говори на тема екологија, насловена „Состојби и можни решенија за надминување на проблемот со сезонското загадување на воздухот со ПМ 10 честички“.

Сите заинтересирани граѓани како и претставниците на НВО секторот, ќе имаат можност да присуствуваат и да земат учество со свои дискусии на оваа актуелна тема.

Јавната расправа ќе се одржи во големата сала на Општината,  со почеток во дванаесет часот.

Претходно, Еколошкото друштво “Еко-живот” од Кавадарци и граѓани, реагираа на загадувањето во градот, кој е меѓу најзагадените во државата.