На Кина итно ѝ е потребна заштитна опрема

Кина има итна потреба од медицински маски, како и заштитни одела и очила, изјави денеска портпаролката на Министерството за надворешни работи Хуа Чунџинг.
Таа информира дека некои земји, меѓу кои и Јужна Кореја, Јапонија, Казахстан и Унгарија, веќе донирале медицински материјал. Кинеските фабрики можат да произведат 20 милиони маски на ден, но масовното зголемување на побарувачката значи дека тоа не е доволно, пренесува „Саут Чајна Морнинг Пост“ (South China Morning Post).
Весникот додава дека болниците во поголемите градови ги повикале граѓаните да донираат медицинска опрема, како што се маски за лице.
Во Кина досега од последици од коронавирусот починале 361 луѓе, што го надмина бројот на жртви од САРС, додека 17.205 се заразени.
Најмалку 171 случаи се пријавени во повеќе од дваесет други земји и региони, од САД до Јапонија.
Ново на Сител
-

АХВ: Се повлекуваат серии Аптамил формули за доенчиња, граѓаните кои ги купиле да ги уништат или вратат
-

Посебен сообраќаен режим во Скопје поради посетата на косовскиот премиер Курти
-

Велешката полиција лиши од слобода двајца возачи, поради управување со активна забрана им ги одзела возилата
-

Домашната градежна оператива лани со намалена работа во странство
-

Каматната стапка на благајничките записи останува 4 проценти
-

Во Штип минатиот месец во три наврати се заловувани кучиња скитници, граѓаните може да пријавуваат во Општината
-

Откако констатирала смрт, екипа на Итна помош добила закани на Бит Пазар
-

Мицкоски: Не се исклучува можноста количината на запленета марихуана да достигне 100 тони
