На Мареј му ги украдоа патиките и свадбениот прстен
– АТП турнирот во Индијан Велс сè уште не е започнат, а некогашниот најдобар светски тенисер Енди Мареј веќе се соочува со непријатности.
Америкнските медиуми јавија дека на Мареј му се украдени патиките и свадбениот прстен, кој бил врзан за една од врвките. Британскиот тенисер откако се ожени во 2015 година свадбениот прстен кога настапува на турнирите, веројатно за да му донесе среќа, најчесто го чува врзан за врвките на патиките.
Мареј истото го направил и на Индијан Велс каде по тренингот се вратил во хотелската соба, но притоа ги оставил патиките да се проветрат пред влезната врата.
– За жал во собата немам тераса, па патиките, бидејќи беа влажни и испотени, морав да ги оставам пред вратата на хотелската соба за да се проветрат. Кога следниот пат погледав пред вратата ги немаше ниту патиките, ниту прстенот, изјави Мареј, кој веќе објави онлајн молба да му се помогне во потрагата по свадбениот прстен.
Ново на Сител
-

Кривични пријави за малолетничките од Ѓорче Петров
-

46 години од смртта на Јосип Броз Тито
-

Нови цени на горивата: Бензините поскапуваат за 2 и пол, дизелот за 2 денари
-

Преглед на вестите од светот
-

123 години од смртта на Гоце Делчев
-

Продолжи судењето за пожарот во „Пулс“
-

Локалната промоција клучна за повеќе туристи
-

Преглед на вестите од светот
