На Маврово и Шапка снег
//ФОТО//Конак Попова Шапка
Обилните врнежи од дожд на патните правци во поширокиот дебарски регион предизвикаа чести одрони на патните правци, а утрово на Маврово и Шапка има и слаби врнежи од снег.
Поради одроните, но и влажните коловози од дебарската секција на Јавното претпријатие за одржување магистрални и регионални патишта препорачуваат многу внимателно возење.
Вообичаено најчести се одроните кај селата Рајчица, Косоврасти и Јанче, месноста Ростушки Мост, потоа во близина на Бигорски манастир и месноста „Сенечки ливади“, на патниот правец Дебар – Маврово, како и кај месноста „Три чешми“ на патот кон Струга, и месноста „Кокошкина краста“ на патот Мелнички Мост-Центар Жупа.
Под надлежност на оваа секција се делниците Дебар – Жировница (патен правец Дебар – Маврово), Дебар – Глобочица (патен правец Дебар – Струга), патот кон граничниот премин „Блато“, потоа кракот Бошков Мост кон селата на Мала Река, како и патот Мелнички Мост – Центар Жупа или над 110 километри.
Ново на Сител
-
Струмица ќе ѝ помогне на Кочани со кадар и искуство
-
Пет пациенти од пожарот во Кочани се враќаат од лекување од Србија
-
Палевски: Криминален ум би ја убил мајката, а не Вања
-
РЕК Битола ја исчисти недозволената количина на пепел, тврдат дека не била токсична
-
Меџити до Таравари: И со ДУИ и во Влада не штима
-
Мицкоски: Ако сакаме во ЕУ мора да го урнеме корумпираниот систем
-
Освен на културните работници, платата им доцни и на стотици други вработени во државни институции
-
Извештај на ММФ