На Меси му се заканува казна од две години

Лионел Меси може да добие забрана да настапува за Аргентина во следниве две години, поради неговото однесување за време на натпреварот за третото место на Копа Америка, како и по него.
Петкратниот освојувач на „Златната топка“ беше избркан во мечот со Чиле, при победата од 2-1 на „гаучосите“. Поради неговото протерување, Меси ќе биде казнет за четири натпревари, но неговото однесување ќе се испитува по мечот од страна на Јужноамериканската конфедерација (КОНМЕБОЛ).
За санкција од две години ќе се дискутира поради „непрофесионалното однесување“ од страна на Аргентинецот. Во тој случај, тој може да ги пропушти сите дуели од Копа Америка во 2020 година, кога турнирот ќе се одржи во Аргентина.
Причината за истрагата против Меси и на состанокот на КОНМЕБОЛ, што претстои, се неговите изјави пред новинарите, во кои изјави дека првенството е „наместено“ да го освои Бразил и дека има многу корупција во Јужноамериканскиот фудбал.
Ново на Сител
-

Почната е постапка за јавна набавка за чартер летови за евакуација на македонските граѓани од Блискиот Исток
-

Три случаи на врсничко насилство евидентира кумановската полиција во еден ден
-

Кривична пријава за повеќе лица и две фирми од Гостивар, граделе без дозвола и фалисификувале документи
-

Досега 632 македонски државјани побарале евакуација, дел ќе се враќаат со чартер летови, дел со владиниот авион
-

Утре облачно со локален дожд, а потоа сончево и топло до 18 степени
-

44-годишник загина откако со возилото излетал од патот на обиколницата Скопје - Тетово
-

Голем пожар во познатиот штипски ресторан „Мал одмор“ | ВИДЕО
-

Почна судењето за убиството на 79-годишна жена во Штип, обвинетиот не признава вина
