Македонија
23. July 2020 - 14:22

На подрачјето на СВР Велес 53 лица се казнети за неносење заштитни маски

Во изминатото деноноќие за непочитување на Уредбата за носење на лична заштита на подрачјето на СВР Велес, полицијата казни 53 лица, од кои најмногу 39 во Велес, шест во Кавадарци и осум во Неготино.

Од СВР Велес апелираат до граѓаните да ги почитуваат мерките на Владата за заштита од ширење на Ковид-19, да носат зодолжително маска за лица,а со цел да го заштитат сопственото и здравјето на останатите.

Непочитувањето на оваа мерка подложи на парична казна.