На полноќ почнува кампањата за парламентарните избори

Ноќеска на полноќ, стартува кампањата за 11-тите парламентарни избори. Станува збор за редовни парламентарни избори на кои се пријавени вкупно 17 политички партии и коалиции.
Очекувано, главната битка ќе ја водат коалициите кои ги предводат ВМРО-ДПМНЕ и СДСМ додека интересна битка се очекува и во албанскиот блок каде силите ќе ги одмерат претставниците на опозицскиот блок собрани во коалицијата Вреди кои ќе му се спротивстават на ДУИ, кои пак прв пат во историјата на избори настапуваат во предизборна коалиција.
Шанса за пратенички места во Собранието имаат и Левица и партијата на Максим Димитриевски, додека останатите политички партии и листи во изборниот процес влегуваат со прилично ниски изгледи дека ќе обезбедат место во Собранието.
За прв пат во овој изборен процес, кампањата за парламентарните избори ќе трае во текот на молкот за Претседателските избори. Владата вчера донесе одлука со која и 24 април и 8 мај ги прогласи за неработни денови за сите граѓани дополнувајќи дека истите нема дополнително да бидат одработувани.
Ново на Сител
-

Откриени шест римски вили на трасата на гасоводот меѓу Македонија и Грција
-

Сител на терен: Даночни инспектори ги тресат Камените Кукли, овој пат со полициска придружба
-

Преглед на вестите од светот
-

Државата ќе гради Национален дата-центар
-

Пет лица под лупа на ДКСК поради истовремено извршување повеќе функции
-

Се е подготвено за вечерашниот старт на Пиво фест, ќе трае до недела, се очекуваат гости од цела Македонија
-

Поплавени објекти и оштетени возила по големото невреме кое синоќа ја погоди Битола
-

Тема на денот со Драган Тилев, поранешен државен советник за европски прашања
