На Попова Шапка измерени -15 степени
Во планинските места и голем дел од градови и населени места утрово се измерени минусни температури. Најладно беше на Попова Шапка -15 степени, каде исто така има наврнато и најмногу снег 61 сантиметар. Времето денеска е променливо облачно и многу студено. На повеќе места ќе дува засилен до силен ветер (над 70 км/час) од северен правец. Наместа во северните подрачја и на планините, ќе провејува слаб снег. Максималната температура ќе достигне од -3 до 3 степени.
Во Скопје времето ќе биде променливо облачно и многу студено. Претпладне во делови од котлината ќе провејува слаб снег. Ќе дува засилен ветер од северен правец. Максималната температура ќе достигне 0 степени.
Утрово најладно беше на Попова Шапка - 15 степени, во Маврови Анови и Крушево се измерени -10 степени, во Берово - 7, Претор - 6, во Крива Паланка, Охрид, Прилеп и Дебар - 5, Битола - 4, во Штип и Виница - 3, во Скопје-Зајчев Рид, Тетово и Струмица - 2, во Скопје-Петровец и Демир Капија - 1, во Дојран 0 и во Гевгелија 1 степен.
Најмногу снег има наврнато на Попова Шапка 61 сантиметар, во Маврови Анови 16, во Ѓуриште шест, во Крушево пет, во Берово четири, и во Крива Паланка и во Дебар два сантиметри.
Најмногу дожд во изминатите 24 часа има наврнато во Дебар седум литри на метар квадратен и во Крива Паланка пет.
Ново на Сител
-

Тошковски и Клековски на средба со претставникот на УНОДЦ: Борбата против дрогата да се води со координиран пристап
-

За викендот дожд, ветер и заладување
-

Цената на нафтата „Брент“ надмина 100 долари
-

Во пратка со рози откриени 100 килограми кокаин на атинскиот аеродром
-

Сончево, попладне услови за локален пороен дожд, грмежи и засилен ветер
-

ИЈЗ: Досега 58 заболени од западно-нилска треска, осум починати - сите се мажи
-

Зверев избори полуфинале на УС опен
-

Трамп вети по 5.000 долари за секој полнолетен Американец доколку Републиканците победат на меѓуизборите
