Македонија
4. February 2025 - 8:44

На Попва Шапка утрово -8, во Скопје -2, а во Гевгелија 5 степени

Најстудено утрово е на Попова Шапка -8 степени, во Крушево се измерени -5, Берово -3, во Скопје, Крива Паланка и Куманово -2, еден степен над нулата е во Велес, Битола и Тетово, два во Струмица, а пет степени во Гевгелија.

На Попова Шапка има и најмногу снег 32 сантиметри, а во Маврови Анови 13 степени.

Времето денеска ќе биде променливо облачно со повеќе сончеви периоди во северните делови. Во претпладневните часови во југоисточните делови ќе има услови за повремен слаб дожд. Ќе дува слаб до умерен ветер од северен правец.

Максималната температура ќе биде во интервал од 3 до 10 степени.

Во Скопје Сончево со мала до умерена облачност. Ќе дува слаб до умерен ветер од северен правец. Максималната температура ќе достигне до 10 степени.