Македонија
28. February 2023 - 13:45

На Широк Сокак приведен 53 годишен прилепчанец кај него пронајдена граната

На улицата Широк сокак во Битола, вчера, полициски службеници го привеле Р. И. (53) од Прилеп, со живеалиште во Битола, затоа што кај него била пронајдена и одземена артилериска граната во калибар од 75 мм од Првата светска војна.

Гранатата била предадена во Дирекцијата за заштита и спасување за понатамошна постапка, а лицето било приведено во полициска станица. По целосно документирање на случајот, против него ќе биде поднесена соодветна пријава.