Македонија
4. September 2023 - 8:10

На „Табановце“ се чека до 30 минути

Сообраќајот на државните патишта се одвива непречено, по влажни коловози, соопшти утринава АМСМ.

- Интензитетот на сообраќај на патните правци надвор од градските средини е умерен. На ГП Табановце се бележи зголемена фреквенција на возила за влез во државата, времето на чекање е околу 15 до 30 минути. На останатите гранични премини од македонска страна, нема поголеми задржувања за влез и излез од државата, велат оттаму. 

Од АМСМ препорачуваат прилагодена брзина на движење, почитување на поставената сообраќајна сигнализација и внимателно управување со возилата, особено на патиштата низ котлините, речните долини и клисурите, каде има можност од појава на одрони. Како што посочуваат од АМСМ, ова посебно се однесува за делниците Катланово – Велес, Маврово – Дебар – Струга, Виница – Берово и Кочани – Делчево.