На Табановце за влез во државава се чека околу 20 минути
На граничниот премин Табановце за влез во државата се чека околу 20 минути, а на останатите гранични премини нема подолги задржувања за влез и за излез. Интензитетот на сообраќај на патните правци надвор од градските средини е зголемен, информира Автомотосојузот на Македонија во пладневниот извештај за состојбата на патиштата.
Оттаму потсетуваат за најавата дека поради минирање на патниот правец А2 Кичево – Охрид, на делницата Пресека – село Врбјани денеска сообраќајот ќе биде во прекин помеѓу 12 и 15 часот во времетраење од 15 – 20 минути.
АМСМ препорачува прилагодена брзина на движење, почитување на поставената сообраќајна сигнализација и внимателно управување со возилата, особено на патиштата низ котлините, речните долини и клисурите, каде има можност од појава на одрони. Ова посебно се однесува за делниците Катланово – Велес, Маврово – Дебар – Струга, Виница – Берово и Кочани – Делчево.
Ново на Сител
-
Советите се правдаат, невладините велат лоша порака се назначувањата
-
Конститутивна седница на советот за безбедност
-
Тема на денот со Костадин Костадинов, градоначалник на Струмица
-
ВМРО ДПМНЕ: СДСМ прави упад во академијата за судии и јавни обвинители
-
Конститутивна седница на советот за безбедност
-
МВР ќе проверува 500 функционери за валидност на документи кога стапиле на функција
-
Пензионирани инспектори на МВР работеле за кланот „Грчец"
-
Филипче тврди дека СДСМ е подготвена за предвремени избори