На „Табановце“ за влез во земјава се чека до 30 минути
На граничниот премин „Табановце“ се бележи зголемена фреквенција на возила, времето на чекање за влез во земјава е околу 15 до 30 минути. На останатите гранични премини од македонска страна, нема подолги задржувања за влез и излез од државата, информира АМСМ.
Сообраќајот на државните патишта се одвива непречено, по суви коловози. Интензитетот на патните правци надвор од градските средини е умерен.
АМСМ препорачува прилагодена брзина на движење, почитување на поставената сообраќајна сигнализација и внимателно управување со возилата, особено на патиштата низ котлините, речните долини и клисурите, каде има можност од појава на одрони. Ова посебно се однесува за делниците Катланово – Велес, Маврово – Дебар – Струга, Виница – Берово и Кочани – Делчево.
АМСМ воедно потсетува дека од денеска е поставен времен сообраќаен режим на регионалниот пат Р1109, делница Понов мост - влез во Богданци, поради реконструкција со проширување.
Ново на Сител
-
Заглавени возила кај Галичица
-
Преглед на вестите од светот
-
Првиот пациент се врати во Македонија
-
Наместо да ги чува 24/7, тоа го правел само една смена - 5 осомничени за злоупотреба на јавен тендер во ЈПДП
-
Првиот пациент се врати во Македонија
-
Тема на денот со Тимчо Муцунски, министер за надворешни работи и надворешна трговија
-
Заложничка драма во Прилеп
-
Минималната плата ќе се зголеми согласно законот и ќе изнесува 24.400 денари