На територијата на земјава активни три пожари

Денеска заклучно до 12 часот, на територијата на Северна Македонија има вкупно 12 пожари на отворен простор, од кои три се активни, под контрола се 3 пожари, додека 6 сe изгаснати.
Како што информира Центарот за управување со кризи (ЦУК), активни се три пожари во Општина Гази Баба: с.Виниче, м.в.Муратица (нискостеблеста шума); Општина Гевгелија: Кожуф планина, кај с.Пeтрово (од приземен пожар, преминат во горење на букова шума и во Општина Босило: Старо Балдовци (тополи).
Под контрола се три пожари - Општина Гази Баба: с.Трубарево (електричен отпад); Општина Студеничани: Депонија Дрисла (ѓубре). Општина Делчево: Депонија Острец (запален отпад).
- Изгаснати се шест пожари, во Општина Зелениково: с.Вражале (борови насади); Општина Шуто Оризари: Ул. Хаџи Јован Шишко ( запалено ѓубре) Општина Крушево: Градска Депонија ( запален отпад); Општина Кичево: с. Другово (запалено стрниште); Општина Куманово: с. Љубодраг (запалена куќа) i Оштина Карбинци: с. Д и Г Тогерци (Запалено стрниште), се наведува во соопштението на ЦУК.
МИА
Ново на Сител
-

Православните христијани го одбележуваат Велики петок, најтажниот ден во годината
-

Велики Петок - Создателот пострада за своето создание, за да го спаси и да му ги искупи гревовите
-

Велигденските празници го наполнија Охрид
-

Екипажот на „Артемис“ вечерва се враќа на Земјата: критичен момент при влез во атмосферата
-

Пациентите со дијабетес алармираат за недостиг од терапија и сензори
-

Тема на денот со Владо Мисајловски, министер за одбрана
-

Велигденски поскапувања
-

Цените на нафтата повторно растат, Иран обвини дека договорот за примирје не се почитува
