На универзитетот на ЈИЕ во Тетово околу 1.300 студенти во 2016/2017
Универзитетот на Југоисточна Европа во Тетово во академската 2016 /2017 година на трите циклуси на студии на 5-те факултети ќе прими околу 1300 студенти во Тетово и Скопје, информираше денеска ректорот на УЈИЕ Замир Дика на прес-конференција одржана во универзитетскиот кампус во Тетово.
- За додипломски студии на располагање се 16 наставни програми, магистерски студии имаат вкупно 30 програми и на докторските студии во рамки на нашата докторска школа 12 наставни програми. Сите тие се достапни на три јазици македонски, албански и англиски како единствена можност во Македонија и регионот, изјави Дика.
Дика најави дека во текот на оваа година на Универзитетот ќе биде спроведена комплетна дигитализција на наставните содржини и соодветен педагошки приод за подршка на студентите со користење на современата информатичка технологија за стекнување на знаења и компетенции .
- Од оваа година ќе премине од нашиот систем за менаџирање на соджините на наставата во Гугл училница. Обуките и тренинзите се веќе завршени, а ќе ги обогатиме и содржините со онлајн подршка со сите инструменти што веќе се користат на нашиот универзитет. Интересен ќе биде и фокусот за практичната примена на знаењата од нашите студенти со персонилизираниот педагошки приод, рече Дика.
Тој посочи и дека единствено на УЈИЕ идните студенти имаат можност да добијат двојна диплома благодарение на заедничките програми со врвни универзитети во Европа како што е Високата школа за економија од Лондон за бизнис економија, наставните програми со германската влада во кои 50 отсто од студирањето се одвива во универзитетот а остатокот во соодветна компанија за современ банкарски менаџмент и применета информатичка технологија за ИЦТ компании, соработката со универзитетот во Индијана, САД за магистерската програма за бизнис администрација и со Универзитетот во Љубљана за европски студии
Како што потенцираше ректорот Дика, Штуловиот Универзитет и понатаму продолжува да функционира според најсовремени европски и меѓународни стандарди не само по однос на понудените програми туку и општо за севкупниот студентски живот и голема мобилност на студентите со партнерите од Европа.
Ново на Сител
-
Неопходни се реформи во правосудството
-
Меџити: И со ДУИ и во Влада не оди
-
Необичен хуман гест- донација од 200 литри магарешко млеко за опоравување на повредените во Кочани
-
Преглед на вестите од светот
-
Ревизорите утврдија низа неправилности во работењето на Бирото за развој на образованието
-
Судот одлучи – ниту 2 милиони евра нема да го спасат Јахоски од притвор
-
Тема на денот со Зоран Љутков, министер за култура
-
Нотарка дискриминирала слепо лице: „Ти си неписмен откаде знаеш што потпишуваш“