На заедничката владина седница со Албанија ќе бидат потпишани повеќе меморандуми и одлуки за соработка
Односите меѓу Северна Македонија и Албанија се на исклучително високо ниво, исто како што се на исклучително високо ниво и со другите соседни држави, изјави денеска премиерот Димитар Ковачевски по увидот на реконструираната полициска станица во Гази Баба.
Одговарајќи на новинарско прашање за утрешната заедничка владина седница со Албанија, Ковачевски рече дека граѓаните може да очекуваат да има средба меѓу двете влади, во исклучително позитивна атмосфера.
-Министерствата веќе имаат подготвено поголем број меморандуми и одлуки за соработка, кои утре не само што ќе бидат разгледани, туку и ќе бидат потпишани заедно со министрите од Албанија, нагласи Ковачевски.
Премиерот посочи дека за целиот тек на средбата за заедничката владина седница медиумите постојано ќе бидат информирани. Подоцна, како што рече, веројатно ќе следува и прес-конференција со премиерот на Албанија Еди Рама.
Ново на Сител
-
Мостот на Вардар кај Башино Село повторно пуштен за сообраќај
-
Мицкоски и Филипче утре на средба во Владата
-
Пронајдена дрога на работното место кај полицаец од Охрид
-
Сиљановска-Давкова: Секое дете може да дојде до израз ако му се даде шанса
-
Почна нов циклус на обуки на АХВ за едукација на потрошувачите
-
Одбележан Денот на Првата пешадиска бригада
-
СДСМ: Mицкоски да не се кити со туѓи перја
-
Дебарските пожарникари за три месеци евидентирале 31 интервенција