Свет
7. March 2025 - 9:07

На железничка станица во Париз пронајдена неексплодирана бомба од Втората светска војна

Неексплодирана бомба од Втората светска војна е откриена утрово за време на работи што се извршувале на станицата Гар ду Норд (Gare du Nord) во Париз.

Сообраќајот околу станицата е целосно запрен. Прекинот на сообраќајот се однесува на локалните метро линии и меѓуградските и меѓународните возови, соопшти железничката компанија ТЕР.

Бомбата била откриена на шините на околу 2,5 километри од станицата.

Гар ду Норд е најпрометната железничка станица во Европа, со 214 милиони патници кои минуваат низ неа секоја година