Набавена нова опрема за Одделот на неонатологија при Детската клиника
На Детската клиника денеска беше промовирана нова опрема - инкубатор, бебитерми и перфузори, наменети за Одделот на неонатологија. Опремата е обезбедена со финансиски средства од компанијата „Пекабеско“ од Скопје.
Директорот на „Пекабеско“, Слободан Кутревски информира дека по повод минатогодишниот јубилеј на компанијата одлучиле да доделат 20 илјади евра за Детската опрема за да се набави опрема во тој износ.
Министерот за здравство и претседател на Алијансата за Албанците која е дел од владината коалиција „Вреди“, Арбен Таравари денеска ги поздрави најавите на американскиот претседател Џозеф Бајд
-„Пекабеско“ на 25 септември минатата година наполни 45 години од своето постоење. И како резултат на тој јубилеј, одлучивме да го прославиме на поинаков начин од оној традиционалниот и одлучивме да инвестираме една одредена сума кај нашите најмили суштества – тоа се децата, односно внучињата. Одлучивме да дадеме 20 илјади евра за Министерството за здравство, за Детската клиника. Не кажавме што, оставивме на стручните лица во Детската клиника да кажат што им е потребно во таа вредност, а ние да го уплатиме. Ние го уплативме пред нова година, а денеска дојде. А 10 илјади евра дадовме за изградба на детско игралиште во населбата Илинден, рече Кутревски.
Таравари истакна дека можеби ова ќе биде повод и за други одговорно-општествени компании да помагаат во нашите училишта и болници, таму каде што има повеќе потреба. Соопшти дека на Клиниката за детски болести е инсталиран и нов видео ЕЕГ апарат, со средства од Клиниката, во вредност од два милиона денари за супспецијлистичката амбуланта за неврологија.
-Инсталиран е нов ЕЕГ апарат кој е дигитализирн со нов вид на софтвер, кој исто така денеска ќе ги промовираме, во коишто одиме по пат на дигитализацијата. Резултатите пациентите ќе ги добиваат не на хартија, туку директно на електронска пошта. Меѓутоа исто така се надевам и во системот Мој термин, рече тој.
Ново на Сител
-
Манијак следел со возило две малолетнички, па се самозадоволувал пред нив
-
Не е познато колку точно луѓе загинаа во пожарите во Лос Анџелес, вели шерифот на округот
-
Сиљановска Давкова: Предлогот на Костадинов е непристоен и значи непочитување и непризнавање
-
Затворен за сообраќај мостот на реката Вардар кај Башино село, намалена видливост на патот Тетово-Гајре
-
Модриќ поради вирус ќе го пропушти полуфиналето на шпанскиот Суперкуп
-
Со највисоки државни почести во Вашингтон почна погребот на Џими Картер
-
МНРиНТ: Изјавата на Костадинов е недолична, очекуваме да биде отфрлена од официјална Софија
-
Почина еден од тешко ранетите во масакрот во Цетиње