Началникот на ГШ на германската армија предупредува на сериозноста на заканата од Русија
Началникот на Генералштабот на германската армија, Карстен Бројер, денеска предупреди дека Русија би можела да ја тестира одбранбената готовност на НАТО и да нападне европска земја во следните четири години.
„Тоа е исклучително сериозно. Рускиот претседател Владимир Путин систематски ги спроведува своите планови. Нивното повторно вооружување е во тек, изјави генералот Бројер“, во интервју за германскиот весник „Ханделсблат“.
Тој додаде дека времето на евентуален напад врз некоја европска земја е предмет на многу варијабли, а тоа зависи и од текот на војната во Украина.
„Како војник морам да размислувам за најлошите сценарија. Кога аналитичарите велат од четири до седум години, тогаш претпоставувам четири години“, рече тој, мислејќи на извештаите на западните разузнавачки служби кои предупредуваат за можен руски напад.
„Ова не значи дека рускиот напад всушност ќе се случи во 2029 година, но исто така не значи дека не може да се случи порано. Мора да се подготвиме за тоа најдобро што можеме. Тоа се однесува на општеството како целина, не само на армијата, рече тој.
Генералот Бројер рече и дека Русија веќе спроведува опсежни разузнавачки операции и саботажи против западните земји.
Тој, исто така, предупреди дека не е доволно да се размислува само за заканата од класичен конвенционален напад.
„За Русија војната веќе започна ако се погледнат големиот број хибридни напади врз клучната инфраструктура и операциите на руското влијание на Западот. Зборувам за шпионажа или акти на саботажа, кои ги доживуваме секојдневно“, заклучи Бројер.
Ново на Сител
-
Уапсен 36-годишник од Радовиш, се обидел да изврши тешка кражба
-
Мицкоски: ВМРО-ДПМНЕ и коалицијата ќе биде апсолутен победник на локалните избори
-
На Санторини без поголем земјотрес во текот на ноќта, Мицотакис изразува умерен оптимизам
-
Во Србија продолжуваат протестите и блокадите на студентите
-
Приведен малолетник во Центар заради поседување марихуана
-
49-годишен германец уапсен на „Табановце“, во возилото имал, дрога, ножеви и солзавци
-
ЦУК: Во изминатото деноноќие имало 12 пожари на отворено
-
Ретеги постигна четири гола на натпреварот против Верона и е лидер помеѓу стрелците во Серија А