Началникот на Вооружените сили на Словaчка во посета на Македонија
Началникот на Генералштабот (ГШ) на Вооружените сили (ВС) на Словачката Република, генерал Милан Максим, денеска и утре ќе престојува во официјална посета на Република Македонија и АРМ.
Делегацијата на ВС на Словачка ќе биде пречекана со високи воени почести од страна на домаќинот, началникот на ГШ на АРМ, генерал-потполковник Методија Величковски.
За време на посетата, генералот Максим, покрај средбата со началникот на ГШ на АРМ Величковски ќе оствари средба и со министерот за одбрана Зоран Јолевски.
Главни теми на официјалните разговори ќе бидат безбедносната состојва во регионот со осврт на емигрантската криза, учество на АРМ во операции за поддршка на мирот, информирање за словачкото претседателство со ЕУ во 2016 година, тековната состојба како и унапредување на билатералната армиска соработка.
Началникот на ГШ на ВС на Словачката Република, во текот на престојот во Република Македонија ќе биде примен и од претседателот на Република Македонија и врховен командант на ВС Ѓорге Иванов, ќе го посети Центарот за обука на пилоти и караулата Богородица на македонско-грчката граница.
Ново на Сител
-
Пад на листата за перцепција на корупцијата според Транспаренси
-
Сиљановска-Давкова: Членовите на Судски совет сами да си дадат оставка – Не се избрани да бидат скандал мајстори
-
Измените на Кривичниот законик утре пред Уставен – Околу 800 лица досега се спасиле од одговорност
-
Заклучоци од владина седница
-
Контакти со Бугарија се уште нема – Оптимизмот останува
-
Телефони во училница или не? Наставниците со поделени мислења
-
Преглед на вестите од светот
-
Убиство во скопски Чаир