Национален монитор за реформи во јавната администрација – Северна Македонија 2019/2020
Мониторот за РЈА за периодот 2019/2020 е резултат на мониторингот вршен во текот на 2020 година од страна на членовите на мрежата „Мисли за Европа“ и претставува извештај, односно компилација на клучните наоди од целиот Западен Балкан во шесте области на РЈА дефинирани со Принципите за јавна администрација (принципи на СИГМА). Се работи за втор систематски мониторинг на РЈА направен во регионот од страна на граѓанското општество, кој што нуди не само споредби помеѓу администрациите на Западен Балкан (ЗБ), туку и споредба со основните наоди на мониторот на РЈА од 2017/2018 година.
Извештаите на Мониторот за РЈА се засноваат на сеопфатна методолошка рамка дизајнирана од истражувачкиот тим на ВеБЕР, која комбинира квантитативни и квалитативни извори на докази. Со принципите на СИГМА како основа на мониторингот, извештаите се комплементарни на сличната работа на СИГМА/ОЕЦД и Европската комисија, а се разликуваат по тоа што им нудат на граѓаните и граѓанското општество перспективи на овие принципи. Заедно со овој компаративен регионален извештај, пакетот РЈА Монитор се состои од шест национални извештаи со наоди за вкупно 23 сложени индикатори за следење на избраните принципи на СИГМА.
Во согласност со мисијата на ВеБЕР, овие вежби за мониторинг се водат од неопходноста да се зајакне притисокот од страна на граѓанските организации од регионот за РЈА, особено од гледна точка на одржување на интересот за овие реформи, во случај на олабавување на условеноста на ЕУ што може да дојде со членството во Унијата. До сите наоди од овој извештај и од првичниот Монитор за РЈА од 2017/2018 може да се пристапи и истите да се споредат на Регионалната табла за резултати во областа на РЈА на: www.par-monitor.org
Ново на Сител
-

Нема повеќе вадење лаптопи, таблети, мобилни и течности од рачниот багаж на скопскиот аеродром
-

Самарџиски во стручниот штаб на младинската кошаркарска репрезентација
-

Од денеска почнува исплатата на К-15: Mинималниот износ 19.116 денари
-

УХМР најавува невреме утре и во петок, од сабота стабилизација на времето
-

Уапсен тетовец кој фрлал вреќи со отпад во реката Пена
-

Сотир Лукровски: Само оние кои не ме познаваат може да поверуваат дека сум се откажал, се враќам со нова енергија
-

Иран контра Трамп: Нема средба со американските претставници во Доха, туку само со катарски
-

СП 2026: Мексико осминафиналист
