Национални стратегии за спречување насилен екстремизам и за борба со тероризам
Национални стратегии за спречување насилен екстремизам и за борба против тероризам, со акциски планови за имплементација, донесе Владата на денешната 57-ма седница.
Владината прес-служба соопшти и дека е усвоена информација за реализација на проектот „Изградба на пречистителна станица за отпадни води и рехабилитација и проширување на канализациската мрежа во општина Битола“.
- Министерството за животна средина и просторно планирање до Секретаријатот за европски прашања треба да достави ИПА апликација за проектот, а потоа СЕП апликацијата да ја достави до Делегација на ЕУ во Скопје и таа да се препрати до Европската комисија во Брисел, наведува службата на Владата за информирање.
Портпаролот Миле Бошњаковски претходно вечерва информираше дека на оваа седница е усвоена информација во врска со изградба на автопатот Демир Капија – Смоквица и дека тој ќе биде пуштен во употреба кон средината на април.
Владата денеска одлучи и да ја стави во мирување продажбата на „мерцедесот” од 600.000 евра, што го набави претходната влада. Процесот на продавање на возилото ќе биде во мирување до завршувањето на судскиот спор во кој може да се појави потреба да биде доказен материјал.
- Оваа одлука се носи со цел да се оневозможи избегнување одговорност на обвинетите во судскиот процес каде возилото е предмет на интерес, соопштија од Владата.
Исто така, на седницата е одлучено да се прекине постапката за измена на Планот за управување на Националниот парк Галичица, согласно со препораките на УНЕСКО. Тоа значи дека овој национален парк и натаму останува заштитено светско наследство на листата на УНЕСКО.
Ново на Сител
-
Тема на денот со Дарко Аврамовски
-
Пентагон: Билатералните односи да останат надвор од НАТО
-
Се китат со туѓи перја - Српскиот министер за култура го присвои родното место на Јустинијан Први
-
Пратениците од крилото на Села остануваат со Европскиот фронт
-
ВМРО-ДПМНЕ со обвинувања до Венко Филипче
-
Задругите се иднината на Македонското земјоделие, но се уште се на незавидно ниво
-
Спектакуларно отворање на 50-то издание на фестивалот на народни песни ,,Пеце Атанасовски‘‘ во Прилеп
-
По теркот на останатите туристички центри потребно е да се работи на инклузивен туризам