-->
-->
Над 100.000 мигранти во 2017. пристигнаа во Европа преку Медитеранот
-->
Од почетокот на годината над 100.000 мигранти и бегалци пристигнаа во европските земји преку Средоземно Море, соопшти денеска Меѓународната организација за миграции (ИОМ).

Како што јави ТАСС, во обид да го минат овој пат загинале или исчезнале над 2.200 лица.
Според статистичките податоци на ИОМ, од почетокот на 2017 година во Европа пристигнале 101.210 мигранти и бегалци. Над 85 000 од нив се насочиле кон Италија, вклучувајќи ги и оние над 12.000 кои минатата недела пристигнаа во земјата.
Од 1 јануари Грција примила над 9.000 лица, а Шпанија над 6.000.
Од почетокот на годината 2.247 мигранти и бегалци загинале во обидот по морски пат да дојдат до европските земји.
-->
-->
-->
Ново на Сител
-

Внимавајте со храната и алкохолот за новогодишната ноќ
-

Половина буџет оди во чинија: Македонецот изел 170 килограми леб, а само килограм и пол цреши
-

Последени моменти од 2025 година
-

Охрид во очекување на Новата година
-

Сиљановска: 2026 ќе биде година на реформи
-

Гаши: Со единство до напредок
-

Мицкоски: 2026 ќе биде година на напредок
-

Паркирањето во центарот на Штип целосно се дигитализира
