Над 1,6 милиони починати од Ковид-19 во светот

Од последици на Ковид-19 во светот досега починаа 1.613,235 луѓе, покажуваат податоците на специјализираната страница „Ворлдметерс“.
Бројот на луѓе заразени со коронавирус во светот од почетокот на пандемијата надмина 72 милиони, односно точно 72.187,865 досега.
Во моментов има околу 20 милиони активни случаи во светот, а од почетокот на епидемијата оздравеле 50,4 милиони луѓе.
Најголем број на заразени лица, 16 милиони, сè уште има во САД, кои се на прво место и според бројот на жртви со 300.000 смртни случаи.
Во последните 24 часа, во САД е регистриран рекорден, дневен број на новозаболени од над 230 илјади, објави Фајненшл тајмс.
Индија е на второ место според вкупниот број на потврдени случаи на Ковид-19 со 9,8 милиони заразени и 143.000 мртви, а на трето место е Бразил со 6,8 милиони заразени и 181.000 мртви.
Ново на Сител
-

Мицкоски: Македонија е жртва на булинг во Европа
-

СДСМ предложи закон за помош на земјоделците
-

Преглед на вестите од светот
-

Голема акција против нелегална трговија со лекови, медикаменти и суплементи
-

Тема на денот со Златко Перински, директор на Фонд за здравство
-

Парична казна од 5 илјади евра за Мерко за поставување спомен плоча
-

Мицкоски разговарал со Рубио во Њујрок
-

Акција на ОЈОГОКК и МВР
