-->
-->
Над 180 лица кои биле тешко повредени во Алепо се пренесени во болница во Турција
-->
Над 180 лица кои биле тешко повредени во сирискиот град Алепо се примени во болница во јужниот турски округ Хатај, јави ТАСС.
Меѓу хоспитализираните има 71 дете. Петнаесетмина им подлегнале на повредните, додека 23 лица се испуштени.
Претходно денеска турскиот премиер Бинали Јилдирим изјави дека околу 40.000 мирни жители се евакуирани досега од Алепо.
Претставничката на Меѓународниот комитет на Црвен крст Криста Армстронг истакна денеска дека евакуацијата на лицата од источниот дел на Алепо ќе продолжи во текот на целиот ден и ако се се одвива според планот, може да заврши вечер.
-->
-->
-->
Ново на Сител
-
Тема на денот со Џевдет Хајредини
-
Таравари: ВРЕДИ во Владата ќе има 6 министерства и претседател на Собрание
-
Силјановска со културна дипломатија ги затоплува односите во Бугарија
-
Преспанскиот договор - Секојдневна тема во Атина
-
Детектор анкета: Секој трет размислува да се исели од Македонија
-
Уставен Суд ќе бира нов претседател, Кацарска без право на реизбор
-
Поројниот дожд направи штети, ЦУК апелира на внимателност
-
Недостигаат најмалку двајца инспектори за контрола во водниот сообраќај