-->
-->
Над 20 загинати во тајфун на Филипините
-->

Најмалку 20 луѓе загинаа во налетот на супертајфунот Раи на Флипините, соопшти локалната служба за итни случаи.
Повеќе од 300.000 луѓе мораа да ги напуштат своите домови од четвртокот, кога ветерот на островот Сијарго достигна 195 километри на час.
Во акцијата за пребарување и спасување учествуваат 18.000 припадници на армијата, крајбрежната стража и противпожарната служба.
Тајфунот Раи вчера стигна до северниот остров Палаван, популарна туристичка дестинација, а во текот на ноќта продолжи да се движи низ Јужното Кинеско Море кон Виетнам. Ветерот е ослабен и достигнува 155 километри на час.
Супертајфунот е силен циклон еднаков на ураган од највисоката категорија (пет) во САД. Во светот во просек годишно има околу пет вакви тајфуни.
-->
-->
-->
Ново на Сител
-

ВМРО-ДПМНЕ бара свикување на Комисијата за финансирање и буџет
-

Царината заплени 500.000 евра
-

Ден на пожарникарството во Македонија
-

Преглед на вестите од светот
-

Хрватска го „скрши мразот“ за камионџиите: Долгорочни визи за спас од хаосот на границите
-

Тема на денот со Ерика Пирметс, експерт за дигитализација од Естонија
-

СДСМ го блокираше заемот од 260 милиони евра
-

Филипче: Власта води лицемерна политика
