Свет
9. March 2016 - 9:01

Над 250 илјади деца во Сирија засегнати од насилство и неповолни услови за живот

Децата, кои живеат во окупираните региони во Сирија се соочени со глад, мошне мал пристап до медицинска помош и ризик од трајни психолошки последици, според извештајот на хуманитарната организација „Спасете ги децата“.

Во извештајот, кој е базиран на интервјуа со Сиријци, кои живеат во тие области, се наведува дека над 250 илјади деца се погодени од насилство и живеат во мошне неповолни услови. 

Сириски хуманитарен работник изјави дека луѓето немаат пристап до основни продукти, како леб.

- Недостигот на храна ги принуди жителите на тие области да пронаоѓаат нови начини на преживување, како на пример правање супа од трева, изјави тој.