-->
-->
Над 30 курдски политичари уапсени при полициска операции во југоисточна Турција
-->
Над 30 членови на опозициската Демократска партија на народите (ДПН) се уапсени во југоисточна Турција во серија полициски операции, пренесе ДПА, повикувајќи се на портпаролот на партија.
Уапсените политичари се главно официјални лица на општинско или регионално ниво. Засега не е познато за што се обвинети. Исто така не е јасно дали полициските акции се поврзани со серијата чистки по обидот за државен удар во Турција во јули, забележува ДПА.
Дваесет и петмина од уапсените се од округот Дијарбекир, а седум од Битлиш.
На уапсените, наводно, не им било дозволено да се состанат со своите адвокати.
-->
-->
-->
Ново на Сител
-
Утрото посвежо, преку денот сончево со умерена облачност
-
Почина Дикембе Мутомбо
-
Драма во Скопје: Маж со нож ги одзел децата од мајката во прифатен центар
-
Жена нападната од поранешниот партнер - Ја натепал и нејзината малолетна сестра
-
82-годишен дедо полово вознемирувал тројца малолетници
-
Еден од обвинетите за убиствата на Вања и Панче во тешка здравствена состојба е пренесен во болница
-
Изминатата недела 45 случаи на Ковид-19, починати две лица
-
Индустриското производство намалено за 3,6 отсто